На 02.10.2025 во с.Скачковце, кумановско, полициски службеници ги лишија од слобода Ј.С.(45) и М.М.(29), двајцата од Свети Николе. При контрола на патничко возило „пежо“ со светиниколски регистарски ознаки, кое го управувал Ј.С., а сопатник бил М.М., кај М.М. се пронајдени и одземени 14 кутии или 392 таблети бупренорфин.

При преземање мерки утврдено е дека М.М. издржувал затворска казна во Казнено – поправната установа Затвор Штип и дента бил пуштен на седумчасовно отсуство, се наведува во полицискиот билтен.

 По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

Leave A Reply

Exit mobile version