И Мицкоски изрази сочуство: Со длабока тага ја примив веста за несреќата во Нови Сад

 
Со длабока тага ја примив веста за трагичната несреќа во Нови Сад, која одзеде човечки животи и остави многу семејства во болка, напиша доцна вечерва премиерот Христијан Мицкоски во врска со големата несреќа која одзеде 14 животи во Нови Сад, меѓу кои и на еден Македонец.
„Во овие тешки моменти, нашите мисли и молитви се со семејствата на загинатите и со сите повредени.
Од името на Владата и од мое лично име, упатувам најискрено сочувство до семејствата на настраданите. Нека им биде лесна земјата на оние кои ги загубија своите животи, а на повредените им посакувам брзо и целосно закрепнување.
Во овие моменти на тага, стоиме заедно со нашите соседи и пријатели од Србија. Нека оваа трагедија не потсети на важноста од меѓусебна поддршка и солидарност“, напиша премиерот на ФБ.

01.11.2024 - 23:05

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега