Шеесет и едногодишна жена од Скопје на 7 јули во 22:35 часот пријавила во СВР Скопје дека била ограбена на подрачјето на Бит Пазар.
Според пријавата, едно лице со употреба на физичка сила ѝ одзело чанта во која имало паричник, лични документи, пари, мобилен телефон и други предмети.
Од СВР Скопје информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

