Close Menu
Press24
    Најново

    Делови од Кисела Вода и Центар вечерва без вода

    25.02.2026 во 18:01

    Катаклизма во Бразил: Најмалку 36 загинати по рекордните дождови во Сао Паоло

    25.02.2026 во 17:44

    Москва со критики до ОН: Новата резолуција за Украина е „антируска стапица“

    25.02.2026 во 17:32
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Делови од Кисела Вода и Центар вечерва без вода
    • Катаклизма во Бразил: Најмалку 36 загинати по рекордните дождови во Сао Паоло
    • Москва со критики до ОН: Новата резолуција за Украина е „антируска стапица“
    • Хоџа: Ја јакнеме државната контрола врз загадувачите, следи акредитирање на нашата Лабораторија и за нови методи 
    • Спасовски: Ако не се покачи минималната плата, Македонија ќе остане без своите работници
    • Избувна голем пожар кај Струмица: Пожарникарите спречија катастрофа
    • Кулминира револтот во Крива Паланка: Утре протест против кравите што уништуваат имоти
    • И Апелација пресуди дека Анѓушев бил наклеветен – одбиена жалбата на ИРЛ
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » И Апелација пресуди дека Анѓушев бил наклеветен – одбиена жалбата на ИРЛ

    И Апелација пресуди дека Анѓушев бил наклеветен – одбиена жалбата на ИРЛ

    25.02.2026 во 16:293 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Апелациониот суд Скопје денеска ја одби како неоснована жалбата на Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ) и на уредничката Сашка Цветковска и со тоа ја потврди првостепената пресуда во спорот што го поведе бизнисменот Кочо Анѓушев поради наводи изнесени во документарецот „Заговор против воздухот“, емитуван во 2021 година на МРТ.

    Одлуката, како што објави „360 степени“, била соопштена кусо, без усно образложение, при што е наведено дека деталите ќе следуваат во писмената пресуда, а за трошоците судот дополнително ќе се произнесе во писмената изрека.

    Од компанијата Фероинвест велат дека со оваа пресуда се потврдило дека пишувањата на медиумот кои го поврзуваат Анѓушев со набавката на токсичен мазут биле клеветнички и не ги испочитувале мјинималните новинарски стандарди за обезбедување став од засегнатата страна.

    ,,Судовите со овие пресуди потврдија дека оваа група со години врши медиумски клевети, изнесува лаги и зависно од текот на финансиите креира средина во Македонија за јавна пресметка со одредени личности за да направи дефокус и заштита токму на вистинските сторители на казниви дела, и користена е за внатрешни политички пресметки во Македонија служејќи на одредени страни.

    Во секоја земја економијата е таа која ја движи државата напред и која продуцира работни места и ја полни државната каса со даноци, за да има функционално општество.

    Кај нас, зад нападите врз компаниите и бизнисмените со лажни вести стојат крајно неодговорни лица кои се водат само од свои кариерни и хонорарни причини, а нанесуваат економска штета на самата држава и на стопанството.”, велат од Фероинвест по денешното изрекување на пресудата на Апелациониот суд.

    Од страна на ИРЛ, според „360 степени“, засега нема конечна одлука за следните чекори, но правниот тим најавил дека е можен поднесок до Уставниот суд, со аргументација поврзана со правото на слободно изразување. Во судницата, Цветковска одлуката ја искоментирала кратко и иронично со зборовите „Секоја чест“, додавајќи дека очекуваат писмено образложение.

    Реакција испратија новинарските организации ЗНМ и ССНМ. Во заедничко соопштение тие изразуваат загриженост дека вакви одлуки создаваат притисок врз независното истражувачко новинарство и предупредуваат на, како што велат, опасен преседан институциите да одредуваат што е медиум и кој е новинар.

    „Укажуваме дека ЗНМ во период подолг од пет години обезбедуваше бесплатна правна поддршка, а двете организации јавно го следеа овој предмет и посочуваа на неговото значење за слободата на изразување, јавниот интерес и заштитата на истражувачкото новинарство, вклучително и во контекст на ризиците од стратешки тужби против јавно учество (СЛАПП)“, велат од организациите.

    Инаку во јуни 2021г, 3 недели по објавата на филмот на ИРЛ кој потоа беше предмет на тужба за клевета

    Регулаторната комисија за енергетика ги провери сите 19 фирми кои имаа лиценца за трговија со нафта и нафтени деривати, вклучително и со мазут, и утврди неправилности кај 7 од нив.

    Државните органи во 2025г поднесоа кривична пријава за фирмата РКМ и нејзиниот сопственик Ратко Капушевски заедно со уште 12 други лица токму за финансиски малверзации и увоз на токсичен мазут со години наназад. Ниту во првиот ниту во вториот случај не беше откриена и посочена поврзаност на спорните активности со мазут со Анѓушев или некоја од неговите компании.

    Популарно

    Нека не ве лаже сонцето – Полицијата ќе ве казни 2800 денари ако го немате ова во возилото

    25.02.2026 во 08:13

    Германија со итно предупредување: Подгответе залихи со храна

    25.02.2026 во 11:11

    Хорор во Хрватска: Мајка на работа однела урина од 3-годишното дете за тест на дрога, резултатот ги згрози сите

    25.02.2026 во 16:20

    (ВИДЕО) Тешка сообраќајка во Скопје: Полициско возило се судри со автомобил на „Востаничка“

    25.02.2026 во 14:53

    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.