Close Menu
Press24
    Најново

    Владимир Путин го нарече Илон Маск „вистински гениј“

    28.10.2026 во 18:11

    СДСМ со остри критики кон Мицкоски: Како ќе гради добри односи со српските студенти по блиските врски со Вучиќ?

    28.10.2026 во 17:56

    Пронајден и казнет возачот кој возеше автомобил по велосипедска патека во Бутел

    28.10.2026 во 17:39
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Владимир Путин го нарече Илон Маск „вистински гениј“
    • СДСМ со остри критики кон Мицкоски: Како ќе гради добри односи со српските студенти по блиските врски со Вучиќ?
    • Пронајден и казнет возачот кој возеше автомобил по велосипедска патека во Бутел
    • Цената на нафтата „Брент“ падна под 115 долари за барел
    • Шпанија: Поранешната министерка Фатима Бањес меѓу загинатите во железничката несреќа кај Толедо
    • Студентите бараат 200 денари за оброк
    • Приведените за двете убиства во Ѓорче Петров признале во полиција – жртвите биле врзувани и претепувани
    • Неофицијално: Искра Хаџи Василева победи на изборите за шеф на Обвинителството за организиран криминал
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Хуман градоначалник: Цела плата ја донирал за кочанчани

    Хуман градоначалник: Цела плата ја донирал за кочанчани

    28.03.2025 во 13:292 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски, синоќа гостуваше во отворената хуманитарна програма „Канал 5 и Македонија за Кочани“, кадешто граѓаните можеа телефонски да донираат средства за настраданите сограѓани од пожарот во Кочани. 

    Во студиото на Канал 5 телевизија, Герасимовски порача дека во овие тешки денови мораме сите ние да бидеме заедно, сплотени и хумани, а политиката да ја тргнеме настрана. На прашање на новинарката дали општината има донирано, Герасимовски информираше дека Општина Центар донирала, но и тој самиот исто така ја донирал својата плата за настраданите. 

    „Во овие тешки моменти, во оваа болка со која сите ние се соочуваме да бидеме единствени, да бидеме сплотени, да не ги политизираме работите, да бидеме хумани и да помагаме на оние на коишто им е најпотребно во овој момент“, рече Герасимовски. 

    Тој истакна дека на Управниот одбор на ЗЕЛС се дискутирало на повеќе точки, меѓукои за подигнување на безбедноста и давање препораки на куќните совети во делот на хидрантите, на ПП апаратите и на заштитата на фасадите коишто се во лоша состојба.

    „Дополнително, поразговаравме во делот и на урбаната опрема, угостителските објекти и сите оние услови коишто треба да ги исполнуваат. Направени се посебни комисии коишто ќе спремаат одредена, стандардизирана програма за урбана опрема којашто ќе биде единствена и ќе важи за сите општини во државата. Ја подигнавме безбедноста на нашите најмлади, на учениците во училиштата и децата во градинките. Можам слободно да кажам, родителите да бидат спокојни, нашите училишта и градинки се на највисоко безбедносно ниво и така ќе продолжиме во наредниот период. Во моментов имаме пациенти коишто се лекуваат, треба да најдеме начин сите заедно, сплотено да помогнеме на тие семејства, но и на семејства на трагично загинатите, да искочиме во пресрет на тие семејства“, изјави Герасимовски. 

    Прочитај повеќе

    СДСМ со остри критики кон Мицкоски: Како ќе гради добри односи со српските студенти по блиските врски со Вучиќ?

    28.10.2026 во 17:56

    Пронајден и казнет возачот кој возеше автомобил по велосипедска патека во Бутел

    28.10.2026 во 17:39
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.