Одлуката за стопирање на истрагата за набавката на мазут е уште еден удар врз довербата на граѓаните во правосудниот систем. Во време кога јавноста очекува расчистување на сомнежите за милионски криминал и злоупотреби, добиваме порака дека предмети од висок јавен интерес се затвораат без целосна разрешница, пишува минситерот за правда Игор Филков.

Како министер за правда, сметам дека оваа одлука мора итно да биде преиспитана.

Очекувам целосна транспарентност од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција и јасни одговори врз основа на кои факти и аргументи е донесена ваквата одлука.  Истовремено и пред да излезе Советот на јавни обвинители со одговор дека будно ја следат состојбата добро е да знаат дека ваквите одлуки директно ја рушат довербата на граѓаните во правосудниот систем, додава Филков.

Exit mobile version