Хрватско истражување открива колку трае имунитетот од вакцините

Хрватскиот епидемиолог Бранко Колариќ во интервју за РТЛ ги откри прелиминарните резултати од истражувањето за траењето на имунитетот од вакцините, пренесува Индекс.

-Истражувањето е направено на 120 корисници на еден дом за стари кои примиле вакцина на самиот почеток на кампањата за имунизација. Резултатите сѐ уште ги собираме, но првите прелиминарни резултати кажуваат дека 30 отсто од испитаниците веќе немаат заштите, 20 проценти имаат ниско ниво, а 50 отсто имаат солидна заштита, рече Колариќ.

Тој вели дека заштитата кај помладите трае подолго.

-Ова истражување е направено на луѓе чиј просек на години е 82. Постојат резултати и за млади, а таму заштитата од вакцинацијата сигурно трае подолго, вели Колариќ.

 

06.09.2021 - 23:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега