Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски утре и задутре ќе биде домаќин на министерот за надворешни и европски работи на Република Хрватска Гордан Грлиќ Радман.

Како што соопшти Министерството за надворешни работи, двајцата министри ќе разговараат за билатералните односи, економската и секторската соработка, за европската интеграција на земјата и за можностите за искористување на хрватското искуство во процесот на пристапување кон Европската Унија.

Дополнително, ќе се разгледува соработката во рамки на НАТО, регионалните прашања и актуелните меѓународни случувања.

Exit mobile version