Христијан Мицкоски, Зијадин Села и Африм Гаши прв пат на заедничка маса во Хилтон

Под покровителство на германската фондација „Конрад Аденауер“ в петок, на 6 ноември ќе се одржи конференција „Конзервативните народни партии градат мостови кон заедничка европска иднина“ во хотелот Хилтон во Скопје.

Интересно е што прв пат на иста маса на панел дискусијата ќе седнат Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Зијадин Села, лидерот на Алијансата на Албанците и Африм Гаши, претседател на Алтернатива што практично досега не се случило во опозицискиот блок.

По најавите на Арбен Таравари, гостиварскиот градоначалник и генерален секретар на Алијанса за Албанците за можна коалиција со ВМРО – ДПМНЕ за локалните избори, ова е најверојатно чекор поблиску до таквата коалиција и показател за сериозен коалициски капацитет што го побива табуто дека ВМРО-ДПМНЕ нема простор за коалициски партнер кај албанскиот електорат.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.11.2020 - 14:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега