Хорор во Загреб: Гол маж со секира кршел автомобили по улица, полицијата дома му пронајде безживотно тело

Денеска околу 14 часот и 25 минути во реонот на Суседград маж без облека се движел по улица и со секира кршел автомобили, по што заминал дома.

Кога загрепската полиција пристигнала на неговата адреса на живеење, мажот бил дома а потоа го однеле во службените простории, јавува Јутарњи лист.

„Во куќата каде што живее пронајдено е тело, најверојатно на постар член на семејството, за кого засега не може да се утврди причината за смртта со оглед на состојбата на телото поради изминување на време“, соопштија од полицијата. .

Истрагата на местото на настанот ја врши увидна екипа на полициската управа во Загреб.

Мажот е под полициски надзор и во тек е кривична истрага.

13.06.2024 - 20:57

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега