Вчера во 23:45 часот во село Банско, струмичко, полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода Б.М.(65) од село Банско.
Според пријавеното, тој околу 20:30 часот во село Банско, во близина на неговата куќа, со воздушна пушка пукал кон малолетник од Струмица и го погодил во ногата.
На малолетникот му е укажана помош во Општа болница Струмица, а воздушната пушка била пронајдена и одземена од Б.М.. Тој е задржан во Полициската станица Струмица и за настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица.
По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Актуелно
- Почна изградбата на булеварот „Македонија“: Првата фаза готова за 90 дена, Ѓорѓиевски најавува брзо темпо
- Пет тони марихуана од Македонија во Србија: Уапсен и газда на фирма од Скопје за медицински канабис
- Рација во Чегране: Во угостителски објект пронајден кокаин и пиштол, меѓу уапсените и 17-годишна девојка
- Драстично зголемување на казните за трговците: Од 20.000 на 200.000 евра за манипулации со цените
- Ристески: Синдикатите и газдите нека се договорат за минималецот, Владата ќе го потпише тоа решение
- „Коалиција Менуваме“ подготви закон за Регистар на лица со попреченост: Целта е подобра заштита, а не јавна база на податоци
- Филипче предупредува на црно сценарио: Изолација, сомнителен капитал и „мигранти за пари“
- Снег на Стража: Забрана за камиони на патот Гостивар – Кичево, проблеми и кон Маврово и Шапка

