Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска став 1 од Кривичен законик.

Како што информира Јавното обвинителство, на 25 септември во семејниот дом во Ѓорче Петров, при вршење семејно насилство, осомничениот телесно ја повредил неговата вонбрачна партнерка. Физички ја нападнал оштетената, удирајќи ја со тупаници, шлаканици и клоци во пределот на главата и целото тело, па во еден момент почнал да ја дави. Оштетената изгубила свест и и биле нанесени повеќе телесни повреди.

Јавниот обвинител предложи на судијата на претходна постапка да определи мерка притвор за осомничениот, поради околности кои укажуваат на опасност од бегство. 

Leave A Reply

Exit mobile version