Општина Пробиштип е вознемирена по серијата случаи на труење на животни кои се регистрирани на нејзината територија. Градоначалникот Тони Тоневски најостро го осуди овој чин и потврди дека случајот е веќе пријавен во полиција, каде се трага по непознатиот сторител.
Тоневски веќе остварил средби со сопствениците на отруените миленици и апелираше до граѓаните на смиреност и воздржаност од инциденти.
„Ние како институција ги повикавме оштетените луѓе на разговор. Ги информиравме претставниците на МВР и истрагата е во тек. Апелирам до сите да се воздржат од какви било инциденти, бидејќи Општината има план како систематски да го реши проблемот со бездомните кучиња“, изјави Тоневски.

