Вистинска драма ја потресе Македонија кога три малолетни деца – петнаесетгодишно девојче и нејзините двајца браќа на возраст од 12 и 9 години – биле пронајдени без реакција на допир на улицата „Професор Мијалковиќ“ во Куманово, информираат од СВР Куманово.
Според пријавата, случајот бил евидентиран вчера околу 10:40 часот, а според првичните информации децата најверојатно биле затруени од вдишување лепак. Тие веднаш биле пренесени во Општата болница во Куманово, каде им била укажана лекарска помош.
Од полицијата соопштуваат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.


