Хорор во градинка во Чешка: Се сруши плафон

 


Во Чешка се случи инцидент кога ненадејно се урна таванот во градинка во Збирох, град во регионот на Пилсен.

Среќата во несреќата е што инцидентот се случил за време на викендот кога децата не одат во градинка, објави порталот „cas.sk“.

"Во несреќата нема повредени. Имавме среќа бидејќи инцидентот се случи минатиот викенд кога градинката не работеше. Во зградата немаше никој во моментот на уривањето на покривот. Истрагата ќе утврди од што се урнал покривот2. “, изјави еден од пожарникарите волонтери кој е меѓу првите кои излегоа на местото на несреќата.

„Нема непосредна опасност на лице место и целиот случај е во рацете на раководството на градските власти во Збирох.

Тие ќе се погрижат за замена на покривот и сите други неопходни поправки“, додаде неименуваниот пожарникар.

10.09.2024 - 15:33

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега