Хорор во Германија: Мајка си ги убила децата, па си пресудила

Во неделата на соседите им ја вратила дувалката за лисја. Неколку часа подоцна Габи У.(56) си ги убила двете деца. Суровото злосторство се случило во мирниот град Швибердинген, во областа Лудвигсбург во Германија.

По хорор чинот, аптекарката се упатила кон соседниот град Корнтал-Минхинген и си го одзела животот, пишуваат медиумите во регионот.

Полицијата и јавниот обвинител изјавија: „Според моменталната состојба на истрагата, може да се претпостави дека двете деца биле убиени од нивната мајка во заедничкиот стан во периодот од неделата навечер до понеделникот наутро“.

Прашањето што го поставуваат нивните соседи и познаници е зошто 13-годишниот Полин и 17-годишниот Ролф морале да умрат во поранешната штала за коњи источно од Швибердинген.

Еден сосед за „Билд“, вели: „Сопругот на Габи почина од рак пред три години. Оттогаш таа мора сама да се грижи за децата и имотот од 15 хектари. Можеби тоа беше премногу за неа“.

“Сите сме во шок. Кутри деца! Полина сакаше да јава и беше бистра, како и нејзиниот брат Ролф. Не можеме да си објасниме”, рекол соседот.

Според полицијата, се уште е нејасна позадината на злосторството.

31.05.2023 - 19:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега