Close Menu
    Најново

    Утре во Драмски театар: Комеморација за Лазе Манасков

    23.12.2025 во 14:02

    Сиљановска Давкова: Судењето за „Пулс“ ќе покаже дали судството ќе ја стекне или трајно ќе ја изгуби довербата 

    23.12.2025 во 13:50

    Ѓорѓиевски: Новогодишна радост за најмалите, но најголеми херои – Бог да ги чува сите

    23.12.2025 во 13:34
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Утре во Драмски театар: Комеморација за Лазе Манасков
    • Сиљановска Давкова: Судењето за „Пулс“ ќе покаже дали судството ќе ја стекне или трајно ќе ја изгуби довербата 
    • Ѓорѓиевски: Новогодишна радост за најмалите, но најголеми херои – Бог да ги чува сите
    • На 29 декември пресуда за усмртувањето на Југослав Николовски на Кеј
    • 69-годишна жена нападната од својата 30-годишна снаа
    • Муцунски: Ахмети живее во времето од пред 20 години
    • Од 1 јануари повисоки сметки за струја за 70 денари
    • Цветановски: Нема поголема минимална плата, доаѓаат „економски работници“
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Хорор: Маж со автомобил покосил пешаци и велосипедисти

    Хорор: Маж со автомобил покосил пешаци и велосипедисти

    05.11.2025 во 13:05
    ФОТО: Press24 архива
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Возач намерно удри со своето возило кон неколку лица на францускиот остров Олерон утринава, при што се повредени десет лица, од кои четворица се во критична состојба, јавува „Ле Парисиен“.

    Инцидентот се случил околу 08:45 часот наутро, помеѓу двете села Долус Долерон и Сен-Пјер Долерон, а меѓу минувачите имало пешаци и велосипедисти.

    Јавниот обвинител на Ле Рошел, Арно Ларез, информираше дека е отворена истрага за обид за убиство. Истрагата се води во повеќе правци:

    Според првичните, но неофицијално потврдени информации, возачот наводно извикал „Алах Акбар“ пред да налета на лицата.

    Се испитува и можноста дека станува збор за лице со ментални нарушувања.

    Мажот бил приведен без отпор од жандармеријата, неколку минути по нападот, додека се обидувал да го запали своето возило.

    Во автомобилот биле пронајдени боци со гас, а возилото било само делумно запалено.

    Според „Ле Парисиен“, станува збор за француски државјанин во триесеттите години. Градоначалникот на Сен Пјер Долерон, Кристоф Сиер, изјави дека мажот е познат по бројни проблеми, особено по редовната употреба на дрога и алкохол.

    Лицето не било во базата на податоци за спречување на радикализација и тероризам (FSPRT).

    На местото на настанот е формиран тим за психолошка помош во замокот Олерон. Министерот за внатрешни работи, Лоренс Нуњез, најави дека лично ќе го посети местото на инцидентот.

    Популарно

    Каде ви се капите и шалчињата: Снегот доаѓа

    23.12.2025 во 10:18

    Ахмети: Јас ја уништив Југославија

    22.12.2025 во 22:03

    Грците тестираат специјални сообраќајни камери, ловат се „живо“: За 4 дена регистрирани повеќе од 2.000 прекршоци

    22.12.2025 во 09:59

    Печалбарите се враќат дома за празниците – за два дена над 30 000 влегле само на Табановце

    23.12.2025 во 10:08
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.