Вчеравечер (12/13.03.2026) во СВР Тетово, неколку професори од Средното медицинско училиште „Никола Штејн“ во Тетово, пријавија дека добиле информации од родители на ученици, дека М.Р. праќал пораки до учениците односно се заканувал оти ќе постави бомби и ќе изврши убиства во училиштето.
Веднаш се преземени соодветни мерки и активности од полициски службеници од СВР Тетово и по добиена судска наредба, извршен е претрес во с.Палатица, тетовско, во дом и помошни простории на Р.Р. (49).
При претресот биле пронајдени повеќе предмети на неговиот син М.Р.(18), за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело. М.Р. е лишен од слобода и по целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.
- Битола во градежна офанзива: Над 400 милиони денари инвестирани во капитални проекти во 2025 година
- Сиљановска-Давкова до австриските амбасадори: Билатералните прашања не смеат да бидат кочница за ЕУ
- СДСМ: Назначувањето на Куковски е дел од „бизнис шемата“ на Мицкоски во енергетиката
- Утре седум часа ќе нема струја – ЕВН најави исклучувања кај голем број корисници
- Тешка сообраќајка на патот Кавадарци – Росоман: Жена тешко повредена по судир со камион
- Јаневска децидна: Законот за високо образование не се повлекува, професорите имаат две опции
- Хорор ја потресе Македонија: Средношколец се заканувал со бомби и убиства, полицијата му упадна во домот
- (ФОТО) По две децении Серава добива нов лик: Почна чистењето на коритото и изградба на пешачка патека

