Светот остана занемен пред монструозното откритие во станот на Анатолиј Москвин, почитуван руски историчар и генијалец кој зборувал 13 јазици. Зад маската на примерен академик се криел „некрополист“ кој од локалните гробишта ископал тела на 26 малолетни девојчиња, ги мумифицирал и ги претворил во кукли во природна големина.

Кога полицијата влегла во неговиот дом во Нижни Новгород, затекнала сцени како од филм на стравата – скелети и тела облечени во венчаници, фустани и хулахопки, наредени низ собите. Москвин дури им вградувал музички кутии во градите за да „пеат“ кога ќе ги допре. Овој модерен „Франкенштајн“ тврдел дека неговата опсесија почнала во детството, кога бил принуден да бакне мртво девојче во ковчег, верувајќи дека на тој начин склучил „вечен брак“ со смртта.

Exit mobile version