Close Menu
Press24
    Најново

    Нови детали: Ден Дончев меѓу пријавените во истрагата за милионски злоупотреби во здравството

    29.10.2026 во 09:57

    Возел без дозвола, направил сообраќајка и избегал – МВР го фати

    29.10.2026 во 09:47

    Љубовен пресврт за едни, успех на работа за други: Хороскоп за 29 октомври

    29.10.2026 во 09:38
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Нови детали: Ден Дончев меѓу пријавените во истрагата за милионски злоупотреби во здравството
    • Возел без дозвола, направил сообраќајка и избегал – МВР го фати
    • Љубовен пресврт за едни, успех на работа за други: Хороскоп за 29 октомври
    • Валандово со проекти вредни милиони денари, финансиска поддршка и за учениците
    • ФОТО: Два тона небезбедно месо ќе се уништува на Дрисла – Се продавалло преку социјални мрежи
    • ВМРО-ДПМНЕ: Го чекаа со црвен тепих а сега Филипче и СДСМ се обидуваат да се дистанцираат од Вучиќ
    • Паркот во Градски ѕид доби нови содржини и 90 нови садници и дрвја
    • Утрово голема акција: Претреси низ Македонија – под истрага приватни болници и екс директор на ФЗОМ
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Хорор го потресе светот: Таткото се помолил па ја убил ќерката, другата ја ранил

    Хорор го потресе светот: Таткото се помолил па ја убил ќерката, другата ја ранил

    24.10.2025 во 13:502 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Основното обвинителство во Призрен објави дека поднело обвинение против турскиот државјанин Мехмет Горенац (44), кој се товари за сторено кривично дело убиство и тешка телесна повреда на своите ќерки и сопруга на 6 мај годинава.

    Имено, нападот и убиството се случиле во раните утрински часови во Призрен, во семејниот стан на улицата „Соте Галица“. Обвинетиот, како што е осомничен, ја убил својата ќерка со нож, а тешко ги повредил и другата ќерка и сопруга.

    Според обвинението, околу 5:30 часот наутро тоа утро, веднаш по молитвите, М. Г. влегол во кујната и зел нож со сечило долго околу 23 сантиметри, кој семејството го користело за сечење месо. Потоа отишол во собата на неговите ќерки, кои спиеле, и ја нападнал најстарата, Ш. Г. (15), пресекувајќи ѝ го вратот.

    Нејзините вресоци ја разбудиле нејзината помлада сестра А. Г. (11), која се обидела да го спречи нејзиниот татко да ги убие, но тој е осомничен дека ја нападнал и неа, нанесувајќи ѝ повеќекратни убодни рани и исеченици на вратот.

    „Вресоците на девојчето ја разбудиле и сопругата на обвинетиот Р. Г. (35), која влегла во собата и се обидела да го спречи, нанесувајќи ѝ повреди на лицето и левата рака. По кратка борба, оштетената Р. Г. успеала да ја турне обвинетата во спалната соба, каде што ја затворила и блокирала вратата со мебел, со што си обезбедила можност да повика помош“, се наведува во соопштението од Основното обвинителство во Призрен.

    За жал, Ш. Г. починала на самото место од повредите, додека мајката и помладата ќерка преживеале, но со сериозни телесни повреди. Првите екипи на брзата помош што пристигнале на местото на настанот не можеле веднаш да им пристапат на жртвите бидејќи напаѓачот сè уште држел нож, па морале да почекаат да пристигне полицијата. По пристигнувањето на четири полициски патроли, напаѓачот бил совладан и уапсен.

    Бидејќи обвинетиот се обидел да се повреди по нападот, откако полицијата го разоружала, тој бил лекуван во Регионалната болница во Призрен под полициски надзор.

    Портпаролот на таканаречената косовска полиција, Шаќир Битиќи, потврдил дека по пристигнувањето, полицијата пронашла три повредени лица, од кои едно, 15-годишно девојче, починало на местото на настанот. Нејзината помлада сестра била префрлена во Универзитетскиот клинички центар на Косово во Приштина во критична состојба, додека мајката се здобила со полесни повреди.

    Прочитај повеќе

    Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ

    28.10.2026 во 23:42

    Патници на луксузен крузер останаа заглавени во Камбоџа поради драстичниот раст на цените на горивата

    28.10.2026 во 22:17
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.