Холивудскиот актер исфрлен од Трговски центар - влегол без маска

Холивудскиот актер Брус Вилис влегол во една продавница без заштитна маска, поради што вработените веднаш му рекле да го напушти трговскиот објект, пренесуваат странските медиуми.

Присутните во продавницата биле бесни бидејќи актерот не носел заштитна маска, иако околу вратата имал марама која лесно може да ја стави и да ја користи наместо маска за тие потреби, пренесува „Page Six“. Брус Вилис на крајот ја напуштил продавницата, не купувајќи ништо.

 

Како што пишуваат западните медиуми, оваа реакција на купувачите е сосема оправдана, бидејќи Лос Анџелес е епицентар на коронавирусот во Калифорнија, и во овој град досега се забележани повеќе од 10.000 смртни случаи поврзани со ковид.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.01.2021 - 18:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега