Министерството за одбрана на Холандија најави дека планира значителни инвестиции во зајакнување на анти-дрон системите. Буџетот за оваа намена се движи помеѓу 1,25 и 3 милијарди евра.
Планот вклучува дополнителни анти-дрон топови, дронови за пресретнување, радари и други противмерки за мали беспилотни летала. Дополнително, ќе биде засилена заштитата на холандските бродови од потенцијални напади со дронови.
Оваа одлука следи по зголемената активност на дронови над холандските воени бази, што ги загрозува безбедноста на персоналот и стратешките објекти.

