Хоџа ја потврди средбата со Џафери: Не се кријам, прашањето е кои се луѓето кои го следат секој мој потег?

На социјалните мрежи почна да кружи фотографија од министерот во оставка Аријанит Хоџа од Движењето Беса, со поранешниот висок фукционер на ДУИ, Муса Џафери. На фотографијата може да се забележи дека седат заедно и разговараат. 

Министерот Хоџа преку фејзбук, призна дека фотографијата е вистинска, велејќи дека не се крие од никого. Но, тој прашува, кој биле луѓето кои го следеле секој негов потег.

– Гледам дека почнаа да се шири фотографија од моја фотографија со Муса Џафери, средба која се случила на јавно место без да се кријам од никого и без да имам никаков товар во моето политичко делување. Како активна личност во политиката имам стотици средби со луѓе кои сакаат да разговараат за актуелните политички прашања. Прашањето што се поставува е: кои се луѓето кои го следат секој мој потег и дали ова е мониторинг со институционални инструкции и како безбедносните органи го оправдуваат нарушувањето на приватноста на едно министерство во оставка на актуелната Влада. Ако нечиј стол на власт и попречува растот на Движењето БЕСА, тоа е проблем на оние кои ја имаат оваа грижа, а не наш, напиша Хоџа на фејзбук.

28.11.2021 - 10:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега