Хоџа: Беса им ги расипа сите математики на Груби, ДУИ и на СДСМ

Генералниот секретар на БЕСА, Аријанит Хоџа смета дека партијата им го расипала филмот на СДСМ и ДУИ.

-Мене ми е добро што им го расипавме филмот на коалиционите партнери. Сега се враќам во ретроспектива што всушност се случи. Една поговорна вели „што има во домот, кажуваат децата“. Во вашите дебатни емисии, тука кај Вас, Мендух Тачи истакна дека коалиционите партнери ја гледаат Беса во иднината. Се сеќавате кога тој кажуваше дека Беса ќе излезе од Влада, нема да победи во Тетово и дека Алтернатива ќе не замени? Ова се зборови на Мендух Тачи, рече Хоџа синоќа во гостувањето на ТВ 21.

Тој додава дека многу му е драго што им го расипале филмот на Мендух Тачи, Али Ахмети и Зоран Заев.

-Ова бидејќи филмот не беше нешто ново, надвор од сценариото што им се случи на Алијанса за Албанците во 2017-та, посочи Хоџа.

На прашање на модераторот за тоа дали ги избркал од Влада Артан Груби, Хоџа вели дека тој нема сила за тоа.

-Артан Груби нема сила да не избрка од Влада. Движењето Беса им ги расипа сите математики и на Артан Груби, и на ДУИ, и на СДСМ, рече Хоџа.

21.12.2021 - 08:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега