Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, денес од Новаци, најави дека управувањето со отпадот и намалувањето на аерозагадувањето се меѓу врвните приоритети на неговиот мандат. Во таа насока, денес започна реализацијата на регионалниот модел за управување со отпад, со инвестиција од околу 11 милиони евра во опрема за селекција и транспорт.
‘Проектот ќе опфати над 400.000 граѓани од 18 општини во Пелагонискиот и Југозападниот регион и е директно поврзан со идниот регионален центар за управување со отпад во Новаци, како и со претоварните станици во Прилеп, Охрид, Кичево и Дебар’, изјави Хоџа, додавајќи дека 2026 година ќе биде клучна за поставување на основната инфраструктура.
Министерот Хоџа најави дека во тек е подготовка на јавна постапка за регионалната депонија за Пелагонискиот и Југозападниот регион, која треба да биде реализирана во рок од шест месеци.
‘Паралелно, се финализира постапката за депонијата во Полошкиот регион во Русино, а објавен е и јавен повик за депонијата во Свети Николе, која ќе ги опфати Североисточниот и Источниот регион’’, рече Хоџа.
На настанот во Битола, каде што присуствуваше и претседателот на Владата Христијан Мицкоски, министерот Хоџа изјави дека со започнувањето на изградбата на три регионални депонии во 2026 година, државата влегува во нова ера на модерно, одржливо и европски усогласено управување со отпад.
Министерот упати благодарност до ЕБОР, SECO, Инвестициската рамка за Западен Балкан, Владата на Шведска, преку кои се обезбедени околу 90 милиони евра за изградба на овие центри, како и до локалните самоуправи и јавните комунални претпријатија, при што упати апел за широка соработка со сите чинители во државата за почиста и поздрава животна средина.
Актуелно
- По неколку одлагања и две операции на тестиси газдата на „Дурмо турс“ во „Идризово“
- „Да направиш некого да се почувствува поддржан е најголем подарок“: Ѓорѓиевски со хуманитарна акција во Драчево
- „Ало, сестра ти скрши нога, итно требаат пари“: Баба од Штип му дала 700.000 денари на лажен доктор
- Трамп: САД остануваат во Венецуела на долг рок, само времето ќе покаже кога ќе заминеме
- Внимавајте ако патувате: Грција влегува во 48-часовна блокада – Богородица се затвора попладнево, Меџитлија е веќе блокиран
- Акција на полицијата во Пехчевско: 25-годишник од Црник „падна“ со марихуана и семки од канабис
- В недела се бираат градоначалници во четири општини: Кампањата финишира, за победа веќе не е потребен цензус
- Пијан возач излета од патот кај Блатец, полицијата лиши од слобода уште тројца низ државата

