Харис со водство пред Трамп во најновата анкета

 

Демократската потпретседателка на САД, Камала Харис, има три проценти предност пред републиканскиот противкандидат на претседателските избори, Доналд Трамп, 45 наспроти 42 проценти, покажува новата анкета на Ројтерс и Ипсос.

Харис, исто така, има три проценти предност меѓу гласачите кои најверојатно ќе излезат на гласање – 47 отсто од нив се за демократ, а 44 отсто за републиканец.

Стандардната маргина на грешка во анкетата е околу четири отсто, пишуваат британските медиуми.

Иако разликата меѓу двајцата кандидати не е премногу различна од анкетата спроведена пред една недела, новата анкета завршена до неделата покажува знаци дека гласачите, особено демократите, се позаинтересирани за годинашните избори отколку во 2020 година, кога актуелниот претседател Џо Бајден го победи Трамп .

Околу 78 отсто од регистрираните гласачи анкетирани во тридневната анкета, вклучително и 86 отсто од демократите и 81 отсто од републиканците, изјавија дека се „речиси сигурни“ дека ќе излезат на гласање на 5 ноември. Овој процент порасна од 74 отсто колку што беше во истражувањето спроведено пред пет години во речиси истиот период.

Ројтерс и Ипсос анкетираа 938 Американци на национално ниво, вклучително и 807 регистрирани гласачи.

15.10.2024 - 22:26

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега