Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Доаѓа силен Ел Нињо – какво време нè очекува во текот на зимата

    18.09.2026 во 23:32

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Спомен на чудата на Свети Архангел Михаил
    • САД и Данска постигнаа договор за Гренланд: Вашингтон добива трајно воено присуство, суверенитетот останува во Копенхаген
    • И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите
    • ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата
    • СДСМ до премиерот: Живееш во бајка
    • СДСМ Центар возвраќа: Големи политички амбиции, а не ги знаат ни основните надлежности
    • 11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола
    • Митева за МИА од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Хаос во Франција: Полицијата разби забава со 300 учесници, пиротехнички средства пронајдени во објектот

    Хаос во Франција: Полицијата разби забава со 300 учесници, пиротехнички средства пронајдени во објектот

    25.05.2026 во 10:191 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Француските безбедносни сили употребија присила за да прекинат масовна и нерегистрирана рејв забава во регионот Бретања, на која присуствувале околу 300 лица.

    До инцидентот дошло откако локалните власти дале наредба за итно растурање на собирот, по што ситуацијата ескалирала на самите влезови од објектот.

    „По пристигнувањето на полицијата, учесниците на нерегистрираната забава се распоредија на два влеза во објектот каде што се одржуваше забавата за да ја одбранат со пиротехнички средства, а членовите на безбедносните сили одговорија со солзавец, објави префектурата.“

    Поради сериозноста на отпорот, во операцијата се вклучиле и воени структури кои по два часа успеале да воспостават ред, да ги евакуираат присутните и да ја конфискуваат музичката опрема.

    „Наредбата за растурање на собирот ја даде префектот на Морбијан, Мишел Гали, кој во објава на социјалните мрежи остро го осуди одржувањето на вакви „нелегални собири“, потсетувајќи дека тие се забранети со префектурен декрет до 1 јуни.“

    Овој инцидент се случува во период кога во францускиот Сенат се разгледува нов строг закон, со кој за организирање на вакви нелегални забави се предвидуваат затворски казни до две години и глоба од 30.000 евра.

    Прочитај повеќе

    САД и Данска постигнаа договор за Гренланд: Вашингтон добива трајно воено присуство, суверенитетот останува во Копенхаген

    19.09.2026 во 15:39

    Трамп: Русите со години ги напаѓа сојузниците на Украина

    19.09.2026 во 10:52
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.