По контроверзната изјава на министерката за јавни набавки, која е создадена со вештачка интелигенција, дека се чувствува „повредена“ што ја нарекле „неуставна“, изби хаос во албанскиот парламент. Пратениците од опозицијата почнаа да фрлаат шишиња и хартии кон премиерот Еди Рама.
На 11 септември, Албанија го назначи својот прв министер за вештачка интелигенција, кој е задолжен за јавните набавки и тендери. Оваа одлука беше проследена со остри реакции и критики од опозицијата, која смета дека ваквиот потег е неуставен и недемократски.