Ханка Палдум се огласи на Фејсбук: „Жива сум, не умрев“

На социјалните мрежи се прошири вест во која се наведува дека позната пејачка Ханка Палдум починала а нејзините деца се соочиле со хорор кога ја прoнашле.

Вознемирена, таа се огласи на својот Фејбук профил и рече: „Драги мои пријатели, по кој знае кој пат, уште една медиумска лага. Жива, здрава и среќна со моите најмили.Штотуку ја добив оваа вест која кружи на социјалните мрежи. Тажно и мизерно. Што да се каже на сето ова?

Ве сака вашата Ханка.

Ханка Палдум зад себе има плодна музичка кариера, а нејзината убавина никого не оставила рамнодушен.

 

31.01.2024 - 14:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега