Хана Гутjерез-Рид виновна за убиството на снимањето на филмот „’Рѓа“

Одговорната реквизитерка, која го наполни пиштолот на Алек Болдвин при пукањето и убиството на снимањето на филмот „’Рѓа“ (Rust), Хана Гутjерез-Рид е осудена за убиство од небрежност. Освен тоа, таа е прогласена за невинa по втората точка од обвинението – манипулација со докази.

Oсудената може да добие и до три години затвор.

Гутјерез-Рид не сведочеше во двонеделното судење, но нејзиниот адвокат рече дека обвинителите не успеале да докажат дека неговата клиентка е одговорна за фаталното пукање во коешто жена беше убиена, а имаше и еден повреден. Правникот, исто така, тврдеше дека Болдвин е тој што треба да биде кривично гонет, бидејќи тој го држел пиштолот, пренесе „Ен-би-си“.

– Таа е лесна мета, најмалку моќната личност на сетот. Лесно жртвено јагне, рече бранителот во воведниот збор на судењето.

И Алек Болдвин се соочува со судење за убиство од небрежност. Почетокот на судењето е закажан за 10 јули, а обвиненијата против Болдвин еднаш веќе се отфрлени.

07.03.2024 - 17:53

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега