Хамас ги негира тврдењата на Бајден за повлекување од преговорите
Хамас денеска ја демантира изјавата на американскиот претседател Џо Бајден дека палестинската група се повлекува од мировните преговори, истакнувајќи дека тоа е „залажувачки“ и не го одразува вистинскиот став на движењето.
Хамас тврдењата ба Бајден ги оцени како „американско зелено светло за ционистичката екстремистичка влада да изврши повеќе злосторства против беспомошни цивили“.
Во соопштението на Хамас, се наведува и дека новиот предлог за примирје даден од САД на разговорите во Доха минатата недела, е пресврт од претходните преговори, и групата ги обвини САД за „целосна пристрасност“ и „партнерство“ со Израел.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа