Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Пензионер загина во Охрид: Паднал од мотор

    18.09.2026 во 12:20

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Спомен на чудата на Свети Архангел Михаил
    • САД и Данска постигнаа договор за Гренланд: Вашингтон добива трајно воено присуство, суверенитетот останува во Копенхаген
    • И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите
    • ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата
    • СДСМ до премиерот: Живееш во бајка
    • СДСМ Центар возвраќа: Големи политички амбиции, а не ги знаат ни основните надлежности
    • 11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола
    • Митева за МИА од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Гужви на македонско–албанската граница: Расте протокот на „Блато“

    Гужви на македонско–албанската граница: Расте протокот на „Блато“

    24.06.2026 во 11:211 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Според информациите за МИА од СВР Охрид, преку портпаролот Стефан Димоски, во саботата преку преминот поминале 15.290 патници, од кои 10.229 странски и 5.061 македонски државјани. На влез биле регистрирани 5.339 странци и 2.041 македонски државјани, додека на излез 4.890 странци и 3.020 македонски државјани.

    Во неделата, како што се наведува, биле евидентирани 10.847 патници – 7.148 странски и 3.699 македонски државјани. На влез тогаш биле регистрирани 3.726 странци и 1.625 македонски државјани, а на излез 3.422 странци и 2.074 македонски државјани.

    Од СВР Охрид појаснуваат дека најголем дел од странските патници се албански државјани од пограничниот регион, кои редовно доаѓаат во Дебар за набавка на гориво и други потреби, особено во сабота кога е пазарен ден, како и за посета на туристички дестинации во регионот.

    Македонските државјани, пак, најчесто патуваат кон албанското крајбрежје, особено кон Шенѓин и Драч.

    На преминот од македонска страна функционираат четири шалтери, што овозможува побрз проток на патници, додека на албанска страна, според албанските медиуми, се активни два, што повремено создава застои и колони возила.

    Инаку, двете влади веќе го одобрија воведувањето на системот „One Stop Shop“, кој по преминот „Ќафасан“ кај Струга треба да се имплементира и на граничниот премин „Блато“.

    Just In Top News
    Прочитај повеќе

    Мицкоски: Преку Македонија, Александрополи ќе се поврзе со Европа

    19.09.2026 во 11:38

    Мицкоски: Дата центрите се иднината, но постојат сили кои сакаат да не вратат во 19 век

    19.09.2026 во 10:22
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.