Групна тепачка пред фирма во Скопје- едно лице пренесено во болница

 

Групна тепачка пред фирма, по што едно лице завршило и во болница.

„На 23.07.2020 околу 12.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека пред фирма на ул.„Скупи“, по претходно недоразбирање, настанала физичка пресметка помеѓу О.Б., И.Б., М.М. и М.М.М., вработени во фирмата, од една страна, и М.Ш. со неколку други лица, од друга страна.

Според пријавеното, во физичката пресметка биле користени тврди предмети, а во еден момент О.Б. испукал еден куршум во воздух, по што го вперил пиштолот кон М.Ш.

При пресметката, со тешки телесни повреди се здобил М.М., констатирани во болницата „Св.Наум Охридски“, каде бил пренесен за укажување на лекарска помош“ велат од полиција.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.07.2020 - 16:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега