Груевски со цитат од Гоце: Ослободувањето на Македонија се крие во внатрешното востание

Експремиерот Никола Груевски од Будимпешта преку Фејсбук објави писание за Гоце Деллчев, а по повод 119 години од неговата смрт.

„…Вечна му слава!“, напиша Груевски.

Тој објави и цитати од две писма испратени од Делчев до Каранов и Груев:

 “Ослободувањето на Македонија се крие во внатрешното востание. Кој мисли поинаку да се ослободи Македонија, тој се лаже и себеси и другите”

Гоце Делчев (до Ефрем Каранов од 17 Октомври 1895г)
“Оној кој копнее, што работи да ја присоедини кон Бугарија или кон Грција, тој може да се мисли за добар Бугарин, или за добар Грк, но не и добар Македонец. Таквиот Бугарин или Грк го подржува и вечниот раздор меѓу балканските народи, кои треба да живеат во братска дружба за да бидат пресреќни. Македонија им припаѓа на сите Македонци, без разлика на религијата, нацијата и јазиците, во утрешна слободна Македонија и преку неа ќе се здружуваат сите балкански народи.”
Говор на Гоце Делчев во Преспа во есента 1901 година, од историскиот роман на Димитар Талев “Илинден” –прв пат издаден во 1953г.во Бугарија
“Дали може да има друго место за еден Македонец, освен Македонија? Дали има и народ понесреќен од Македонскиот? И дали има некаде пошироко поле за работа, одколку во Македонија…” Писмо до Даме Груев.

04.05.2022 - 19:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега