Close Menu
Press24
    Најново

    Муцунски на средби со ЕУ-претставници во Брисел

    23.03.2026 во 13:06

    ДЗС се здоби со два нови пилота за гаснење пожари на отворено, со што сега има вкупно пет во Дирекцијата

    23.03.2026 во 12:50

    Кузеска: Славески незаконски го кочи изборот на вицегувернери – дали се загрозува финансиската стабилност

    23.03.2026 во 12:48
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Муцунски на средби со ЕУ-претставници во Брисел
    • ДЗС се здоби со два нови пилота за гаснење пожари на отворено, со што сега има вкупно пет во Дирекцијата
    • Кузеска: Славески незаконски го кочи изборот на вицегувернери – дали се загрозува финансиската стабилност
    • ФОТО: Цената на нафтата „потона“ по изјавата на Трамп
    • Драма на гранците: Полицијата ги забрани протестите, транспортерите успеаја да го блокираат само „Свилај“
    • Трамп ги одложи воените удари врз Иран: Наредив 5-дневна пауза, имаме продуктивни преговори
    • Манасиевски: Дали 1,5 милиони евра од „Рекет“ завршиле во џебот на новиот ПР шеф на СДСМ
    • Подгответе се: Сонцето утре се повлекува, се враќа дождот и снегот
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Груевски: „Ко о чему, Заев и Филипче о поштењу“ – Заев тргува со руско железо, а со Филипче се обиделе да протуркаат фирма за увоз на ковид-вакцини

    Груевски: „Ко о чему, Заев и Филипче о поштењу“ – Заев тргува со руско железо, а со Филипче се обиделе да протуркаат фирма за увоз на ковид-вакцини

    04.12.2025 во 11:36Updated:04.12.2025 во 11:385 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Во последните недели СДСМ, односно Зоран Заев и Венко Филипче речиси секој ден во дневно политички цели ја злоупотребуваат мојата последен фб објава од 12 ноември 2025 година, која беше анализа на ризиците за потенцијални војни во Европа и светот, и која заврши со порака дека Македонија треба силно да ги продолжи своите напори за реформи заради исполнување на критериумите за членство во ЕУ, но паралелно да се подготвува и за ситуација на можни воени сценарија во Европа и последиците од нив, доколку некои од наведените ризици се реализираат, напиша поранешниот премиер Никола Груевски на својот Фејсбук профил.

    Таа злоупотреба ја ставаат во некаков сосема различен и нејасен контекст на некоја подоцнежна изјава на некои функционери од власта, па градат некакви смешни тези дека власта ме следела, ме слушала и слични глупости, за кои не вреди да се троши време, истакна Груевски.

    „При тоа, старите фрустрации кој ги носи Заев, а очигледно и Филипче, не им дозволуваат да не повторат некоја од нивните стари пропагандни лаги за некакви “од ракав истресени” милијарди, кои те беа една, те се две или три, те се пет или седум, те десет. Во последното соопштение ги ставиле дека се две, но и тоа се такви глупости, што не вредат да се губи време на нив.

    Но, очигледно е, дека овие два лика кои ја држат партијата СДСМ како некаква своја заштита и “жив ѕид” од правна одговорност од годините на направените големи криминали и проневери, и ја доведоа на најмалку добиени гласови во историјата на таа партија, имаат многу пари, па лесно се расфрлаат со милијарди, и истовремено немаат идеја што да понудат на македонската јавност после “масакрот” што го направија во седумте години криминално владеење.

    Тоа беа години од кои Заев излезе како инвеститор во недвижности и трговец со фирма со скриена сопственост на руско железо и челик во Дубаи, кое заради санкциите кон Русија во последните години е многу поевтино. Од таа причина истото полесно се продава“, посочи Груевски.

    Груевски истакна дека така Заев како докажан анти-руски и про-западно настроен во политиката, познат по својата дволичност како во политиката, така и во бизнисот, и познат дека секогаш се води само од финасискиот интерес, во милионски суми, со слатко задоволство го купува железото од Русија, и го продава меѓу другите и на втората најголема компанија за развој на луксузни недвижности во Обединетите Арапски Емирати – Damac properties.

    „Оваа компанија има стратешки партнерства со глобалните брендови како Versace Home, Roberto Cavali и de GRISOGONO – ексклузивни резиденции со накит-инспирирани дизајни.

    Така произлегуваат градбите како Cavali Tower и редица други.

    Компанијата гради приближно 800,000-1,200,000 квадратни метри годишно и троши приближно 50,000-75,000 метрички тони челик годишно низ сите свои инвестиции, главно во Дубаи, но и во 15 други големи градови како Ријад, Торонто, Лондон, Мајами и други“, потенцираше Груевски.

    „Се засмејав кога се потсетив со каква леснотија и со каков сериозен лик и бесрамно лажење Венко Филипче објаснуваше на неупатената јавност во Македонија дека планирал да оди на печалба во неименувана болница во Дубаи пред околу една година лажејќи ја јавноста дека златната виза во Дубаи ја добил за ако му затребало да биде лекар таму на печалба.

    И како сето тоа лесно му помина во неупатената јавност без да се помисли дека за да му доделат таква виза мора претходно да поседува важечка медицинска лиценца издадена од DHA (Dubai Health Authority), DOH (Department of Health – Abu Dhabi) или MOHAP (Ministry of Health and Prevention), писмо за одобрување од Министерството за здравство и превенција на ОАЕ за практикување медицина, и валиден веќе склучен договор за вработување одобрен од Министерството за човечки ресурси и емиратизација (MOHRE), и логично после сето тоа тој требаше да има поднесено отказ на работното место во Македонија. Ништо од сето ова немаше. Ако имаше ќе покажеше“, посоли Груевски.

    Груевски се потсети дека тие двајца имаат заедничката фирма и заеднички бизнис и инвестиции во Дубаи, се разбира сигурно не од заштеди од парите од лекарската плата на Филипче, на база на што всушност се извадени златните визи за двајцата.

    „Но, потсетувањето на тој хумор кој Филипче го објаснуваше со глуметарење со мошне сериозен лик, ми запре во мислите веќе во следниот миг кога се потсетив како во екот на првиот бран на ковид кризата, кога реално огромен број заразени умираа од Ковид, време кога починатите болни ширум светот беа во толкав голем број, а се сеќавате дека Македонија беше со највисок процент на починати во светот, масовно ги изнесуваа со вреќи од болниците како во времиња на најголеми светски епидемии во воени времиња, овие два љубители на луксузни мотори, во тоа време првиот премиер, а вториот министер за здравство, не само што последни во Европа набавија вакцина, повторувам последни, не предпоследни – туку последни, што секако се должеше на нивната неспособност и дефокусираност кон лично богатење, наместо кон грижа за граѓаните кои им довериле јавни функции, туку сигурно ќе се потсетите и вие, тие двајца се обиделе и со месеци вршеле притисок во Кина, увозот на вакцините да биде преку нивна лична заедничка фирма.

    И сега, оној лежејќи на некоја јахта во Дубаи, со проневерените пари од народот и земените пари од продажбата на националниот интерес, преку промена на името на земјата и нацијата, историјата и идентитетот на Македонците и неговото поставено лице во партијата во Македонија, ни продаваат морал и етичност. Нашите соседи Срби, имаат една добра и римувана народна поговорка која во оргинал вели: “Ко о чему, к…а о поштењу”.

    Нека помислат само, колку животи ќе беа спасени, ако наместо тогаш да се обидуваат да протуркаат нивна фирма за препродавач на вакцините, дозволеа тоа да оди по нормален тек, колку денес предвреме починати луѓе ќе беа живи, со своите деца, родители, браќа, сестри, пријатели…и ќе се радуваа на животот. Потоа, нека размислат дали само со овој алчен и бездушен чекор, тие оставиле некаков простор меѓу народот во Македонија, да чекаат повтоено да ги гласа на избори“, нагласи Груевски.

    Популарно

    Муцунски на средби со ЕУ-претставници во Брисел

    23.03.2026 во 13:06

    ДЗС се здоби со два нови пилота за гаснење пожари на отворено, со што сега има вкупно пет во Дирекцијата

    23.03.2026 во 12:50

    Кузеска: Славески незаконски го кочи изборот на вицегувернери – дали се загрозува финансиската стабилност

    23.03.2026 во 12:48

    ФОТО: Цената на нафтата „потона“ по изјавата на Трамп

    23.03.2026 во 12:43
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.