Груби за легализацијата на марихуаната: Добро е да се отвори дебата,но сепак тешко е да се реализира засега

Првиот вицепремиер Артан Груби за ТВ21 истакна дека премиерот Зоран Заев кратко на владина седница отворил дебата за легализација на канабисот за медицинска, како и за рекреативна употреба.

– Дебатата траеше кратко. Ова прашање е нова иницијатива, не е во програмата на Владата. Добро е да се отвори дебата за ова прашање, широка дебата, да го слушнеме гласот на народот, а потоа ќе одлучиме, но сепак тешко е да се реализира засега – рече Груби.

Првиот вицепремиер Артан Груби, вели дека кога бил пратеник, го гласал Талат Џафери за претседател на Собранието, исто како што гласаа и сите пратеници на ДУИ.

Ова Груби го кажа коментирајќи го чинот на Изет Меџити, кој гласаше спротивно од партиските колеги за Законот за распоредување на административците.

 

Груби кажа дека не е добро меѓупартиските разлики да се случуваат во Собранието, туку внатре во партијата.

Меџити за ТВ21, пак, одговори дека заврши времето на Груевски кога се гласаше механички, односо „како ќе каже лидерот“, и дека некој ако мисли дека тој ќе гласа по нарачка, се лаже.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.01.2021 - 23:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега