Груби: Техничката Влада треба да си замине во историјата

Вицепремиерот Артан Груби смета дека техничката Влада треба да си замине во историјата. Тој во гостувањето на Канал 5 рече дека премиер во следната Пржинска Влада ќе биде Албанец.

-Ова е реакција на тоа што кажав дека се разговарало и за Албанец премиер во последните 100 дена од техничката Влада којашто ќе доведе до парламентарните избори, доколку тие се одржат. Значи, сето тоа беше во предуслов, да, ќе имаме Албанец технички премиер, како што е со Пржинската Влада зашто не успеавме да го смениме Законот за Влада и да ја отстраниме пржинската Влада која сама по себе е апсурд и за граѓаните, и за нашите партнери во НАТО и за Европската унија. Беше за една употреба во 2016 година и сметам дека треба да си замине во историјата зашто не ѝ личи на една земја-членка на НАТО, кандидат за членство во ЕУ да има техничка Влада поради недовербата во институциите, рече Груби.

За него апсурдно е првиот човек на Државната изборна комисија да доаѓа од опозицијата и таа добие и министри во Владата.  

 

16.12.2021 - 20:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега