Груби: Надмината е последната пречка за Коридорот 8

На партиски собир на ДУИ денеска во гостиварско Неготино, Артан Груби кажа дека е надмината последната пречка за изградба на Коридорот 8.

„Денеска, после година и пол, италијанската компанија ИРД ја достави банкарската ганрација и го потпиша банкарскиот договор за консултант и надзор за изградба на Коридорот 8. Со ова се надмина последната пречка за реализација на најголемиот проект од независноста на државата“, рече Груби.

За овој проект се предвидени 300 милиони денари од буџетот на 2023 година. Договорот со ИРД ќе се потпишува во четврток. После се отвора патот да се почнат преговори со Бектел Енка.

31.01.2023 - 21:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа