Close Menu
Press24
    Најново

    Ќе може да си купите стаж – добри вести за сите на кои им фали стаж за пензија

    15.09.2026 во 09:04

    Мајка ми ме нападна со тврд предмет – Скопјанка се јавила во полиција

    14.09.2026 во 23:49

    Пресметка: Колку ќе ве чини да си платите една година стаж за да одите во пензија

    15.09.2026 во 10:58
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Рибите да дејствуваат, Ракот ќе вложува многу енергија
    • Рибите да дејствуваат, Ракот ќе вложува многу енергија
    • Генерално собрание на Европската еспорт федерација во Скопје – Ристовски доби Плакета за заслуги од претседателот на ИЕСФ
    • Обвинителството донесе одлука: За Ник Рајнер нема да се бара смртна казна или доживотен затвор
    • ФЕД ги зголеми каматите на 4 отсто: Прво подигање по повеќе од три години и покрај притисоците од Трамп
    • 49. марш во Кочани: Свеќи и срца со имињата на загинатите за точно година и половина од несреќата
    • Вучиќ по пресудите за лидерите на ОВК: Направена е голема неправда, но мирот и дијалогот се клучни за иднината
    • Зеленски се пожали: Русите двапати пробаа да ми го бомбардираат авионот
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Грозоморно убиство во Чашка: Го викнале во кола и му пукале во глава – еден осомничен приведен

    Грозоморно убиство во Чашка: Го викнале во кола и му пукале во глава – еден осомничен приведен

    07.11.2025 во 09:111 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Основното јавно обвинителство во Велес поведе истражна постапка против едно лице, осомничено дека заедно со уште едно засега непознато лице сторил кривично дело – убиство, казниво по член 123 став 1 од Кривичниот законик.

    Според обвинителството, на 5 ноември во местото викано Поројница, во близина на земјениот пат од Чашка кон селото Бусилци, осомничениот го намамил велешанецот Ѓело Ѓошев и со својот автомобил го однел на локацијата. Таму, заедно со друго лице кое сè уште не е идентификувано, пукале во него со огнено оружје и му нанеле прострелна рана во главата, од која жртвата починала на лице место.

    Од истрагата произлегува дека осомничениот и претходно бил осудуван за разбојништво. По извршеното убиство, тој се обидел да ги прикрие трагите и на тој начин да влијае врз понатамошниот тек на постапката.

    Јавниот обвинител оцени дека постои опасност од бегство, можност осомничениот да влијае врз сведоците, како и ризик да го повтори делото, па до судот достави предлог за определување мерка притвор.

    Полицијата, по наредба на обвинителството, продолжува со интензивна истрага за откривање на вториот соизвршител и за утврдување на мотивите за убиството.

    Прочитај повеќе

    Младо момче падна в рацете на полицијата – го фатиле со дрога

    16.09.2026 во 17:03

    Серија кражби и разбојништва во Штип: Уапсен 22-годишник кој тероризирал граѓани во изминатите два месеци

    16.09.2026 во 14:10
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.