Close Menu
Press24
    Најново

    Сообраќајка во Скопје: Тешко повреден 83-годишен пешак

    06.08.2026 во 09:37

    ВМРО-ДПМНЕ: Над 800 иницијативи за обновлива енергија, Македонија станува атрактивна за инвестиции

    06.08.2026 во 09:23

    Инцидент над Вашингтон: Полетал патнички авион додека во близина летал хеликоптерот на Доналд Трамп

    06.08.2026 во 09:21
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Сообраќајка во Скопје: Тешко повреден 83-годишен пешак
    • ВМРО-ДПМНЕ: Над 800 иницијативи за обновлива енергија, Македонија станува атрактивна за инвестиции
    • Инцидент над Вашингтон: Полетал патнички авион додека во близина летал хеликоптерот на Доналд Трамп
    • Дневен хороскоп: Овенот го очекува напредок, нови можности за Водолијата
    • Синовите ги истепале – Хорор за две мајки од Скопје
    • Орце Ѓорѓиевски прослави роденден: „Само радост и здравје, сè друго ќе дојде“
    • СДСМ: „Луѓето се трујат со месеци, а анализата на водата во Гостивар ќе се чека до 20 август“
    • Дваесет пожари регистрирани до утрово во Македонија – ЦУК со апел за внимателност
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Грипот „коси“: Регистрирани над 2.000 нови случаи, починале три лица

    Грипот „коси“: Регистрирани над 2.000 нови случаи, починале три лица

    22.01.2026 во 14:163 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Во текот на третата недела од 2026 година – од 12 до 18 јануари, во државава биле пријавени 2.062 случаи на групни пријави за заболени од грип – заболувања слични на грипот, 11,2 отсто помалку во споредба со претходната недела.

    Бројот на пријавени лица оваа недела споредено со третата недела од минатата сезона е зголемен за 46,0 отсто, а во споредба со бројот за третата недела од типичната епидемиска крива, моделирана од последните 15 сезони, намален е за 6,9 проценти. Во текот на третата недела, пријавената инциденца е над неделната граница за средна активност, информираат денеска од Институтот за јавно здравје.

    Во однос на возрасната дистрибуција, 1.274 лица биле на возраст од 15 до 64 години. Вкупно 279 биле деца на возраст до четири години. Над 65 години биле 266 лица. Додека, 243 биле деца на возраст од 5 до 14 години. Највисока инциденца се регистрира кај децата на возраст до четири години.

    Заболените лица се пријавени од 29 ЦЈЗ/ПЕ: Скопје – 556, Тетово – 146, Охрид – 142, Битола – 139, Куманово – 137, Прилеп – 115, Штип – 110, Кавадарци – 102, Велес – 96, Струмица – 85, Дебар – 75, Свети Николе – 59, Гостивар – 52, Радовиш – 33, Неготино – 30, а во Гевгелија, Виница, Струга , Ресен, Кичево, Крушево, Кратово, Македонски Брод, Пробиштип, Делчево, Крива Паланка, Кочани, Демир Хисар и Берово, бројот на заболени е помал од 30, покажуваат податоците на ИЈЗ.

    Во четири ЦЈЗ/ПЕ – Дебар, Охрид, Свети Николе и Кавадарци се бележи многу висока активност, во три – Кратово, Штип и Виница – висока активност, средна активност се регистрира во единаесет ЦЈЗ/ПЕ, во девет се бележи сезонска активност, додека во две единици се бележи многу ниска активност на вирусот на грип.

    Во сезоната 2025/2026, вкупниот број на случаи на грип – заболувања слични на грип изнесува 8.209, во споредба со истиот период од минатата сезона, бројот на пријавени случаи е зголемен за 2,1 пати, а во однос на моделот од последните 15 сезони се регистрира зголемување од 16,3 проценти.

    Во текот на сезоната на грип, регистрирани биле три починати лица асоцирани со грип, се наведува во извештајот на ИЈЗ.

    Од Институтот потсетуваат дека вакцинацијата против сезонски грип е најефикасна заштита од ова заболување. Институтот за јавно здравје препорачува вакцинација на целото население, особено на лица кои припаѓаат на таканаречените ризични групи.

    Заклучно со третата недела, во државата вакцинирани биле вкупно 79.078 лица со бесплатна или комерцијална вакцина.

    Прочитај повеќе

    Сообраќајка во Скопје: Тешко повреден 83-годишен пешак

    06.08.2026 во 09:37

    ВМРО-ДПМНЕ: Над 800 иницијативи за обновлива енергија, Македонија станува атрактивна за инвестиции

    06.08.2026 во 09:23
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.