Грилиш во Сити: Најголем трансфер во историјата на Англија

Англискиот фудбалер Џек Грилиш е нов играч на Манчестер  Сити, потврди клубот.

Грилиш во Сити доаѓа од Астон Вила со обештетување од 100 милиони фунти. Тоа е најглем трансфер во историјата на англискиот фудбал.

Претходниот рекорд го држеше Манчестер Јунајтед кој за доаѓањето на Пол Погба од Јувентус плати 93 милиони и 250 илјади фунти.

25-годишниот англиски репрезентативец потпиша шестгодишен договор.

 

05.08.2021 - 22:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа