Италијанската премиерка Џорџија Мелони изјави дека не верува оти Соединетите Американски Држави би употребиле воена сила за анектирање на Гренланд, оценувајќи дека такво сценарио би имало сериозни последици за НАТО.

На традиционалната новогодишна прес-конференција, Мелони нагласи дека е неопходно „сериозно и значајно“ присуство на НАТО во арктичкиот регион, вклучително и во Гренланд, поради зголеменото геополитичко значење на ова подрачје.

„Сè уште не верувам во хипотезата дека САД би започнале воена акција за преземање на контролата врз Гренланд, опција што очигледно не би ја поддржале“, изјави Мелони.

Таа додаде дека таков потег не би бил во ничиј интерес.

„Верувам дека тоа не би било во интерес ниту на Соединетите Американски Држави, да бидеме јасни“, истакна италијанската премиерка.

Exit mobile version