Грците ја уапсиле како најголем криминалец: Ја влечеле по улица - причината е бизарна

 

За тоа дека во Грција важат строги мерки против ширење на коронавирусот покажува и примерот со апсењето на една улична пејачка во Родос.

На снимките кои кружат на социјалните мрежи, се гледа како полицајците на сила ја влечат жената и ја ставаат во полициското возило, само затоа што пеела.

Како што се наведува, во Грција е на сила наредбата за забрана на музика во рестораните, а пејачката е уапсена 'поради непослушност', велат од полициската станица во Родос.

Наводно примиле повик од сопственик на една продавница во близина, кој се жалел на 'нарушување на мирот', пренесува грчката новинска агенција „Прототема“.

Корисниците на социјалните мрежи биле разочарани поради начинот на кој полицијата постапила кон жената.

„Тоа беше нејзиниот злочин, само пееше“, „Честитки, го решивте злочинот“, биле само дел од коментарите.

@dimitra.in.greek.islands

##greece ##rhodes ##rhodesisland ##police ##policemen ##viral ##fyp ##foryou ##spreadtotheworld ##greekpolice ##greecetiktok ##covid19 ##rules ##innocent ##woman

original sound -

03.06.2021 - 12:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега