Close Menu
Press24
    Најново

    Грција ги собира министрите од ЕУ и Западен Балкан – Муцунски на состанокот во Атина

    23.11.2026 во 08:18

    Јаневска на конференција за доживотно учење: Образованието на возрасните во фокусот

    23.11.2026 во 08:15

    Ќе снема вода во 08:30 – Овој понеделник исклучувања низ Скопје

    23.11.2026 во 08:12
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Грција ги собира министрите од ЕУ и Западен Балкан – Муцунски на состанокот во Атина
    • Јаневска на конференција за доживотно учење: Образованието на возрасните во фокусот
    • Ќе снема вода во 08:30 – Овој понеделник исклучувања низ Скопје
    • Ќе нема струја од 8 до 15 часот – Исклучувања во делови од Скопје
    • УХМР со лоша временска најава
    • Тригодишно дете од Гевгелија починало на пат кон болница во Скопје
    • Нов инцидент поради кравите во Крива Паланка: Три девојки нападнале 67-годишна жена
    • Алармантно: Дури девет одвоени случаи на семејно насилство – мажи тепале сопруги, бивши, родители и малолетни деца
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Грција ги собира министрите од ЕУ и Западен Балкан – Муцунски на состанокот во Атина

    Грција ги собира министрите од ЕУ и Западен Балкан – Муцунски на состанокот во Атина

    23.11.2026 во 08:181 Min Read
    Тимчо Муцунски, Фејсбук
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска ќе учествува на министерски состанок на групата „Пријатели на Западен Балкан“, што ќе се одржи во Атина, на покана на шефот на грчката дипломатија Јоргос Герапетритис.

    Во центарот на разговорите ќе бидат забрзувањето на европската интеграција на земјите од Западен Балкан и одржувањето на динамиката на проширување на Европската Унија, особено во пресрет на Самитот ЕУ – Западен Балкан на 25 ноември и претстојното грчко претседателство со Унијата во втората половина на 2027 година.

    На состанокот ќе присуствуваат шефовите на дипломатиите на земјите членки на ЕУ и државите од Западен Балкан, како и високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Каја Калас, и еврокомесарката за проширување, Марта Кос.

    Од македонското МНР информираат дека средбата е дел од редовниот политички дијалог со земјите од регионот, при што ќе се разговара за следните чекори и можностите за конкретен напредок во пристапниот процес.

    Грција, како една од земјите иницијатори на поддршката за европската перспектива на Западен Балкан, најавува засилени активности во пресрет на нејзиното претседателство со Советот на ЕУ во 2027 година.

    На маргините на состанокот се предвидени и билатерални средби меѓу министрите.

    Featured Just In Picks Top News Влада
    Прочитај повеќе

    Јаневска на конференција за доживотно учење: Образованието на возрасните во фокусот

    23.11.2026 во 08:15

    Ќе снема вода во 08:30 – Овој понеделник исклучувања низ Скопје

    23.11.2026 во 08:12
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.