Грчкиот граничен премин Ники, кој е поврзан со македонскиот премин Меџитлија, денеска е затворен за сообраќај за сите товарни моторни возила, информираат од Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ).
Според добиените информации, прекинот на сообраќајот за камионите е со временско ограничување. Затворањето започна во 10:00 часот и ќе трае до 16:00 часот. На возачите на товарни возила им се препорачува да го прилагодат своето движење или да ги користат алтернативните гранични премини кон Грција во овој временски период.

