Грчките земјоделци продолжуваат со радикалните протести, блокирајќи ги главните патни правци кон Македонија. Граничниот премин Евзони (Богородица) и денеска е затворен за сите возила во два термина:

  • Од 11:00 до 15:00 часот
  • Од 17:00 до 21:00 часот (по македонско време)

Истовремено, преминот Ники (Меџитлија) е затворен за товарни возила, а според најавите од грчка страна, оваа блокада за камионите би можела да трае и до 12 часа, со можен прекин и за патничките возила во вечерните часови.

Протестите денеска кулминираат со блокирање на споредните патишта меѓу Атина и Солун, со што Грција практично ќе биде поделена на два дела. Сепак, се очекува од утре (вторник) до петок блокадите привремено да се повлечат поради новогодишните празници, иако тракторите ќе останат во едната коловозна лента. Земјоделците бараат итна исплата на заостанатите субвенции и се жалат на високите трошоци за производство.

Exit mobile version