Вчера во 17:15 часот во ОВР Неготино, 81-годишна неготинка пријави дека била измамена од едно лице за сума од 3000 евра.

Според пријавеното, лицето ја контактирало телефонски, се претставило како лекар и ѝ кажало дека нејзината ќерка во моментот е во болница со скршеница и треба да се изврши оперативен зафат за што требало да плати. Како што е пријавено, таа ги оставила парите на договореното место, а подоцна сфатила дека е измамена.

Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Exit mobile version