Грчки полицајци обвинети за обид за убиство на бегалци

Двајцата грчки полицајци се обвинети за обид за убиство зашто за време на потера на сомнителен автомобил лесно раниле двајца од вкупно 13 бегалци.

Криумчари се обиделе мигрантите да ги прошверцуваат во Грција, јавува АП.

По сослушувањето двајцата полицајци се пуштени на слобода до завршување на истражната постапка.

Границата со Турција е место на масовен илегален влез во Грција. Бегалци од Блискиот Исток оттаму се обидуваат да влезат во Европа.

Во соопштението на грчката полиција се вели дека двајца бегалци, маж и жена се лесно ранети во багажникот на автомобилот кој бегал од полиција.

Припадниците на безбедносните сили прво испалиле предупредувачки куршуми од полициското возило, а потоа и неколку во гумите на автомобилот. Но, при одбивање на куршумите маж и жена се полесно повредени.

Возачот е уапсен, двајцарта ранети се згрижени во локална болница, а останатите бегалци се однесени во Центар за азиланти.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.06.2020 - 21:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега