Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Доаѓа силен Ел Нињо – какво време нè очекува во текот на зимата

    18.09.2026 во 23:32

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Спомен на чудата на Свети Архангел Михаил
    • САД и Данска постигнаа договор за Гренланд: Вашингтон добива трајно воено присуство, суверенитетот останува во Копенхаген
    • И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите
    • ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата
    • СДСМ до премиерот: Живееш во бајка
    • СДСМ Центар возвраќа: Големи политички амбиции, а не ги знаат ни основните надлежности
    • 11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола
    • Митева за МИА од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Гранична полиција спречи шверц на добиток кај Дебар: Лицата се разбегале кон Албанија

    Гранична полиција спречи шверц на добиток кај Дебар: Лицата се разбегале кон Албанија

    07.11.2025 во 14:331 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Македонската гранична полиција спречи обид за шверц на добиток од македонска на албанска територија, преку „зелениот појас“ на границата кај Дебар.

    Според информациите од СВР Охрид, вчера околу 18:30 часот, полициски службеници од станицата „Блато“ пресретнале група од шест лица при контрола на граничниот појас кај месноста „Спаски дол“.

    „Кога ја забележале полициската патрола, лицата се разбегале назад кон албанската територија, оставајќи го добитокот кој бил без ушна маркица“, изјави портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

    Групата илегално ја преминала границата и водела четири телиња кои биле без ушни маркици. Надлежните органи преземаат мерки за понатамошно постапување со запленетиот добиток.

    Ова е еден од многуте неуспешни обиди за шверц, кој се одвива преку пограничните села кај Дебар. Во шверцот се вклучени македонски и албански граѓани, при што едните го обезбедуваат, а другите го преземаат добитокот. Шверцот е мотивиран од повисоката цена на месото и живиот добиток на територијата на Албанија.

    Прочитај повеќе

    11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола

    19.09.2026 во 14:53

    20-годишник прегази пешак кај Мирковци

    19.09.2026 во 13:19
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.