Градоначалникот Јакимовски: Мицкоски го задуши набојот кај народот за протестите против францускиот предлог
Градоначалникот на општина Карпош, Стевчо Јакимовски во вечерашното интервју за ТВ24 истакна дека бил сигурен како што кажа, дека власта ако видела толку народ ќе се повлечела од прифаќањето на „францускиот предлог“, а пак лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски го задушил набојот кој што го имало кај народот.
„Овој пат како никогаш досега имаше тензии, народот беше спремен, но Мицкоски го задуши набојот кај народот што го имаше. Јас сум сигурен дека власта ако видеше толку народ, ќе се повлечеа, но очигледно дека ова е дадено ветување пред меѓународната јавност. Беше ли Мицкоски во Брисел крајот на април, почетокот на мај – тогаш е договорена целата работа“, изјави лидерот на ГРОМ, Јакимовски за протестите против францускиот предлог.
Јакимовски е убеден дека доколку дојде до референдумско прашање за преговарачката рамка, тоа ќе биде неуспешно.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа